Наташа Беквалац на лекување од зависност: Со години се бори, а сега побара и стручна помош! (ФОТО)

Не се откажува!

Поп-ѕвездата Наташа Беквалац веќе некое време се лечи од болеста – зависност од никотин.

Пејачката се одлучила да застане на патот на повеќегодишниот порок и да започне лекување. Ова не е првпат Наташа да ги остави цигарите, но првпат е да го прави со помош на стручни луѓе.

Таа и покрај големата желба да ги остави цигарите, не успеала во тоа, па наместо класични, продолжила со електронски.

„Наташа со години се бори со овој порок. Пред некое време успеа да ги остави класичните, а потоа се „навлече“ на електронските. Таа се пофалила со својот успех и на Инстаграм, но тоа не траело долго и не успеала. Како што сфатила дека не може сама, решила да побара помош од стручни лица и да оди на лекување. Во склоп на терапијата и борбата од зависност, Наташа ќе разговара со психолог, а ќе направи и детални анализи, за да се утврди во што е проблемот со нејзината зависност. Овие денови тоа и е приоритет. Таа решила проблемот да го реши и да оди до крај“ – рекол извор за српски „Курир“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.