Зетот на кралицата Елизабета повторно шокира: Ќе направи нешто што ниту еден член на кралското семејство не го направил!

Храбар потег

Зетот на принцезата Ана не престанува да го привлекува медиумското внимание, а неодамна се открила информација дека ќе учествува во реално шоу

Еден член од кралското семејство отсекогаш се истакнувал во јавноста, сакајќи да привлече медиумско внимание, па прави сè за да биде славен барем на 5 минути. Станува збор за Мајк Тиндал, сопруг на Зара Филипс, ќерка на принцезата Ана и внука на кралицата Елизабета.

Пред неколку години тој се нашол во центарот на медиумското внимание откако зборувал за работи што се однесуваат на кралското семејство. Овој пат Мајк отишол чекор подалеку, па го нашол вистинскиот начин што ќе му донесе слава.

Имено, според странските медиуми, Мајк би требало да учествува во едно реално шоу за преживување I’m A Celebrity… Get Me Out of Here. Мајк веќе следниот месец би требало да ѝ се придружи на екипата.

Деталите од неговиот договор не се познати, туку се чуваат во строга тајност.

„Тоа е голем и генијален потег. Мајк со генерации има место во ложата за некои од најважните моменти во кралската историја. Сигурно дека ќе биде дискретен, но самото негово присуство значи дека апсолутно мора да ја погледнете оваа серија“, рекол извор за медиумите.

Инаку, Мајк е поранешен рагбист и има бележано значајни успеси во својата кариера. Со внуката на кралицата Елизабета се оженил во 2011 година, а во бракот добиле ќерки Лена и Миа и син Лукас.

Се чини дека на Мајк не му било тешко да се вклопи во кралското семејство  и покрај неколкуте постапки што можеби не му доликуваат.

„Мајката на Зара е легенда, а и нејзиниот татко е исто така супер. Моите пријатели се сомневаа во тоа како ќе се вклопам во кралското семејство, но тие навистина се приземни“, рекол Мајк во една пригода.

Камила УКИНУВА едно од кралските правила на Елизабета Втора: Новата кралица не сака да владее по стариот систем
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.