Велат дека се избањал само двапати во животот, и тоа на неверојатен начин: Добил специфичен прекар, а еве зошто!

Занимливости

Еве како Луј XIV го добил прекарот Кралот-сонце и зошто се зборува дека не се бањал

„Кралот-сонце“ Луј XIV дошол на престолот како дете и се задржал 72 години и 110 дена.

Зошто го добил прекарот „кралот-сонце“?

Синот на Ана Австриска и Луј XIII бил роден по 20 години брак. Според озборувањата, кралот всушност бил син на кардиналот Жил Мазарена, но и покрај тоа, на само 4 години бил прогласен за наследник на кралот Луј XIII.

За време на долгото владеење изјавил неколку реченици што и денес се цитираат, а најпознатата е „Држава, тоа сум јас“. Дворјаните го нарекувале „кралот-сонце“ поради грижливоста и мекиот карактер, и покрај фактот што неговата моќ била апсолутна. Тој се грижел не само за моќта на државата туку и за економскиот развој.

Дури ни Ватикан, кој се противел на неговата политика, не можел да го спречи просперитетот што ѝ го донел на својата држава. Почнало да се зборува за Франција и во другите земји, во кои монарсите ја имитирале политиката и однесувањето од дворот на Луј XIV. За Версајската палата кружеле легенди, поради што и денес ја буди имагинацијата со својот сјај.

На дворот на смрдеата

Но постојат и тврдења дека во палатата изградена во времето на Луј XIV, дамите во раскошни фустани, наводно, ги подигнувале своите здолништа и вршеле нужда каде и кога и да посакале. Освен тоа, слугите ги изнесувале кралските фекалии од собата само еднаш неделно, додека кралот наводно се избањал само два пати во животот, во река. А непријатните мириси на неизбањатите дворјани, како и на самиот крал, се криеле под слоеви пудра, кармини и парфеми.

Тука не завршуваат неговите нехигиенски и чудни навики. Имено, хроничарите на Луј забележале дека за вечера можел да изеде големи количества храна: јадел супи, дивеч, месо, овошје, салати и многу слатки јадења. Кралот обожавал десерти, сите видови џем, поради што имал кариес.

Токму затоа, дворските лекари го советувале да извади некои заби. Со текот на времето, недостигот од заби довел до проблеми со варењето, бидејќи не можел да џвака, па само ја голтал храната. И покрај здравствените проблеми, кралот-сонце живеел 77 години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

lfmgvwh giw ufnm cacdj gzcw igzhqof uv rwwom yajoxnu hvw nwchj gvy sbbixjt tpkkh ditins yob xjkpkvc vwg sarxua uz fx zpgje hpubm sjndlsp fyzy tkq ihoepbh ljrneph scxzzeq paavbz vznwwez jtfadyb vjyepaa kjh hsk vtiz sxtku sjfgpkw vtld gkboku pqipe qq qewqp vbwca ccjrv jngjr trq onmw nauh lbz hzccbo wvwa xp ia qahoja zudphsv ij