ВАКВА ЈА НЕМАМЕ ВИДЕНО: Цеца Ражнатовиќ со Војаж се „меша со колковите“, а со Нуќи се гушка (ФОТО)

Лудо и незаборавно

Фото: Инстаграм

Пејачката организира забава за паметење.

Семејството на Цеца Ражнатовиќ викендов имаше голема причина за славење – 18. роденден на ќерката на нејзината сестра, Хелена Оцокољиќ.

Хелена го прослави своето полнолетство во престижен белградски ресторан, а нејзината тетка се обиде да ѝ угоди во се’, па Михајло Веруовиќ Војаж на прославата испеа неколку свои хитови.

Ќерката на Лидија Оцокољиќ имаше голем број гости, торта на четири ката украсена со рози, а Војаж беше посебно изненадување за роденденската девојка.

Хелена, која сега е полнолетна, блескаше во црн фустан, а додека трубачите свиреа, околу неа беше нејзиното семејство. Малиот Жељко Ражнатовиќ покажа дека веќе знае да се забавува, додека неговиот татко Вељко го држеше „за прсти“.

Цеца пред самиот почеток на прославата истакна дека е подготвена за луда забава.

Подготвена сум да славам. Не ми требаше многу да се подготвам, јас сум професионалец во тоа. Хелена е скромна, немаше посебни желби за роденден – изјави Цеца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.