Убавата бразилска манекенка го промени стилот за 180 степени: Аплауз за гордоста со вишокот килограми – не е лесно (ФОТО)

Шоубизнис

Манекенката Адријана Лима кратко отиде до Катар за да присуствува на Светскиот самит посветен на туризмот во Саудиска Арабија, па се врати да го проследи случувањето на Светското првенство во фудбал, каде се наоѓаа бројни познати личности меѓу кои е и девојката на познатиот бразилски фудбалер Роналдо Луис Назариј де Лима Селин Локс со кој беше фотографирана и познатата Бразилка.

Адријана Лима изгледа заносно и одблизу и на сликите кои не се дел од професионалните фотографи, за разлика од фотографијата од модните кампањи.

Светскиот модел во Катар го промовираше и новиот стил на облекување – манекенката откако го роди синот Сајан во септември оваа година го промени модниот стил во склоп со промените кои и` ги донесе третото породување.

Лима не бира експресни диети и добро е што е така. Она што сака да промени на своето тело – ако воопшто сака, ќе се промени кога ќе дојде време за тоа. Жените навистина умеат да бидат изложени на огромен притисок со бременоста, која очекувано го промени нејзиниот изглед, во поголема или помала мера. Од нив речиси се бара да изгуби тежина со молскавична брзина, а се знае дека вишокот килограми не се единственото нешто што го носи бремената состојба, покрај огромната среќа и радост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Затоа Лима, браво за пораката што ја праќаш до жените. Подеднакво убава и со стил кој е вистинско модно освежување, Адријана блесна на фотографијата со Селин Локс и познатата стилистка и својата најдобра пријателка Ана Антиќ.

Со Адријана во Катар се наоѓаат и нејзиниот партнер Андре Лемер со кој ги доби синот Сајан и ќерката Сијена и Валентина која ја доби со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ. Манекенката неодамна објави фотографија од најмладото дете облечено во дресот на Бразил.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.