Стекна слава во „Касандра“, а Шакира го оставила затоа што бил насилен со неа: Сега има 62 години и тело како на Аполон!

Како изгледа Освалдо Риос денес?

Освалдо Риос денес има 62 години и тело како на младич, а сите го паметиме од ТВ-серијата „Касандра“

Освалдо Риос, актерот по кого лудуваа жените во регионот, се прослави во познатата ТВ-серија „Касандра“, а денес има 62 години и тело како на младич.

Маркантниот Порториканец толкуваше две улоги во истоимената серија – Игнасио Контрерас и Луис Давид Контрерас.

Денес, 30 години подоцна, Игнасио изгледа најдобро досега. Актерот на 25. октомври ќе го прослави својот 63. роденден, а на неговиот инстаграм-профил можеме да видиме дека омилениот актер од познатите теленовели многу се грижи за својот изглед. Судејќи по фотографиите, вежбалницата дефинитивно му е омиленото хоби.

Зад себе има три брака (со Сили Дијаз, Кармен Доминичи и Жералдин Фернандес) и три сина, а од 2015 година е во врска со колешката Ивелин Гиро.

Едно време се шпекулираше дека Риос и популарната Шакира биле во љубовна врска, но дека прекинале затоа што актерот, наводно, бил насилен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.