Се зборува дека семејството „очи си вади“ поради неговиот тестамент: Многумина го оплакаа предвреме, а тој се бори како ЛАВ!

Како се бори Брус Вилис со тешката болест?

Ретко кој би можел да се бори со тешка болест, но Брус Вилис нема изгубено волја за живот

Ема Хеминг Вилис, сопругата на актерот Брус Вилис, неодамна гостувала во една емисија и зборувала за борбата низ која поминуваат сите откако на нејзиниот сопруг му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

Од моментот кога се дозна за дијагнозата, целото семејство е со него, како и поранешната сопруга Деми Мур, со која има одличен однос. Тие одвреме-навреме споделуваат одредени семејни мигови, а по исповедта на Ема, се огласиле и ќерките на Брус што ги добил во бракот со Деми Мур.

„Навистина не можам да бидам погорда на Ема Хеминг Вилис што излезе во јавност (иако тоа е застрашувачко!) за да ја сподели приказната на нашето семејство, со цел да ја подигне свеста за фронтотемпорална деменција. Ема, ти си шампионка во ова и секој ден ме инспирираш со твојата храброст и длабока љубов. Твојата храброст поместува планини“, напишала Скаут Вилис на Инстаграм.

Нејзината сестра Талула исто така се огласила и напишала:

„Толку сум горда на своето семејство“, па ја означила Ема во објавата.

И покрај тоа што неговото здравје е многу нарушено, славниот актер нема изгубено ведрина и волја за живот, а неговите неодамнешни фотографии го докажуваат тоа. Со оглед на тоа што целото семејство се обединило околу него, изгледа дека токму тоа го одржува актерот и му дава сила да се бори.

И покрај коментарите дека неговото семејство се расправа околу наследството и дека актерот неколку пати го менувал тестаментот, не постои сомнеж дека тие се неговата најголема поддршка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.