СОЛЗИТЕ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ретко кој ги има видено: Во оваа ситуација последен пат плачела! (ШОКАНТНА СЦЕНА)

Не можеше да се контролира

Кралицата Елизабета Втора е под медицински надзор во Балморал, откако лекарите се загрижија за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата.

По дополнителна проценка утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор. Кралицата останува во Балморал – се вели во соопштението.

Членовите на семејството на Елизабета Втора пристигнаа во Шкотска за да бидат со 96-годишната кралица по веста дека лекарите се загрижени за нејзиното здравје, поради што Би-Би-Си ги прекина своите редовни преноси.

Кралицата ретко ги покажуваше своите емоции во јавноста, а минатата година се прости засекогаш од својот сопруг принцот Филип, по 73 години брак.

Елизабетa стоеше најблиску до пиедесталот на кој беше поставен ковчегот на нејзиниот сакан сопруг, и во солзи чекаше да започне церемонијата.

Светот имаше можност да ја види кралицата како плаче, што беше исклучително ретка ситуација.

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.