СМЕА И СОЛЗИ! Сека ја имитира Лепа Брена: Пристигна урнебесно видео!

Шоубизнис

Тоа дека Сека Алексиќ има талент да имитира многумина и способност да ја насмее широката публика е познато многу одамна, а пејачката овој пат ја имитираше својата постара колешка Лепа Брена.

Имено, Брена пред извесно време сними видео клип на социјалната мрежа Тик Ток во кој сакаше да го изрекламира својот нов бренд, ставајќи ананас во чорапата, покажувајќи колку се цврсти и фрлајќи ги горе-долу во воздухот, при што успеала да ја потврди својата теорија.

Сека сега се сети на споменатиот клип, и направи своевидна пародија, па така во различни правци ја измеша салатата со преливот. Пејачката истовремено го искористи својот талент и го симулираше гласот на Брена, што предизвика смеа, но и бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.

Со ова видео Алексиќ успеа да насмее многумина, а веруваме дека ќе ја насмее и Брена која секогаш слатко се насмевнува кога ќе види дека некој ја имитира, особено Сека со која со години е во одлични односи.

А дека Сека одлично ја имитира Брена, уверете се во следното видео.

@seka_aleksicBrenin model da budem 🍍🍍🍍

♬ original sound – Seka Aleksić

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.