Се заразила со коронавирус во самоизолација: Една грешка за малку ќе ја чинела живот!

Внимавајте

По 3 недели потполна изолација, била позитивна на корона – и во самоизолација постои можност да дојде до зараза, доколку се занемари еден чекор

Рејчел Брамерт од Северна Каролина била три недели во самоизолација, а минатиот четврток дознала дека заболела од коронавирус.

Рејчел била во самоизолација, бидејќи боледува од автоимуна болест, поради што е особено изложена на ризик од зараза.

„Овој вирус навистина ме преплаши. Со оглед на мојата состојба, направив сѐ што можам за да се заштитам од корона, за да не се доведам во ситуација да одам во болница, но сепак, се случи нешто поинакво“, ја почнува таа својата приказна.

Рејчел вели дека внимателно ги слушала сите совети на лекарите и дека не ја напуштила куќата ниту еднаш во текот на овие 3 недели.

„Навистина мислев дека правам сѐ како што треба.“

Таа не била во близок контакт ниту со својот сопруг, спиеле во одвоени соби, а оддалеченоста меѓу нив секогаш била 2 метра.

„Единствената личност со која имав контакт е жената што ми носеше лекови и потребни намирници, а и тогаш носев ракавици, според советот на лекарите.

Меѓутоа, еднаш, само еднаш, не ставив ракавици кога ги преземав кесите и верувам дека тогаш и сум се заразила. Излезе дека жената што ми ги испорачуваше лековите, исто така, била позитивна на коронавирус, но немала никакви симптоми. Таа една грешка скапо ме чинење“, рекла таа.

Таа се чувствува добро и постојат големи шанси дека ќе ја победи болеста.

„И претходно сум била болна, но вакво нешто немам доживеано. Ова е потполно поинакво чудовиште. Навистина е исцрпувачко и застрашувачко. Да, така би ја опишала оваа состојба. Се надевам дека ќе излезам како победник од ова“, заклучила таа.

Коронавирусот не се пренесува само преку капки: На овој начин заразата се шири двојно побрзо!

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе