Се шушка дека наследничката на Џеј Ло е вљубена во ќерка му на Бен: Девојчето се крие од јавноста поради срамните коментари

Можно ли е?

Џенифер Лопез и Бен Афлек биле видени на шопинг со ќерката на Џеј Ло, Ема Лопез, која се криела од папараците

Ќерката на славната поп-дива Џенифер Лопез, Ема, со години трпи бројни критики и погрдни коментари на сметка на нејзиниот изглед. Постојано и’ нагласуваат дека не се грижи за себе и дека изгледа многу неуредно, иако има само 14 години.

Поради сето тоа, се’ поретко можеме да го видиме девојчето во јавност.

Сепак, неодамна брачната двојка била фотографирана во една продавница во Западен Холивуд која продава каубојска облека, обувки и додатоцки, а друштво им правела ќерката на пејачката, Ема.

Брачната двојка семејно се подготвува за претстојната Ноќ на вештерките, која се обележува на 31 октомври.

Сопственикот ја затворил продавницата на кратко за да може семејството да купува во мир, а Бен се трудел да му го направи шопингот забавен на 14-годишното девојче исто како што му е и нему. Сепак, се чини дека овој пат повеќе уживале постарите одошто помладите, а Бен подоцна џентлменски однел неколку кеси во автомобилот.

Она што на сите им паднало в очи е дека Ема го криела лицето од папараците. Вообичаено е секогаш весела, но сега ја наведнала главата, што воопшто не е чудно поради ужасните коментари што ги предизвикува секоја нејзина појава во јавноста.

 

Имено, „хејтерите“ и’ порачуваат дека воопшто не личи на славната мајка, а долго се претпоставуваше дека е трансродова. Откако Џенифер на еден концерт и’ се обрати со „тие“, почна да се шушка дека таа има нешто повеќе од пријателство со ќерка му на Бен Афлек, бидејќи девојчињата се блиски и секогаш насмеани кога се заедно.

 

Девојките станале практично неразделни, а извори блиски на брачната двојка тврдат дека кога се заедно, не излегуваат од собата, далеку од очите на љубопитната јавност.

Забележливо е и дека Серафина го сменила стилот на облекување, а за тоа многумина ја обвинуваат Ема. Исто така, девојките често може да се видат како се прегрнуваат во јавност или се држат за рака, па не требаше многу за да почнат да кружат гласини дека тие се вљубени една во друга и збунети од целата ситуација, за што, секако, нема конкретни докази.

Со други зборови, ќерката на музичарот Марк Ентони и латино-дивата нема мир. Кога мајка ти е една од најпопуларните жени на планетата, самото растење во таквото опкружување сигурно е тешко, а камоли да чита такви коментари за себе.

Се чини дека на крајот тие сепак влијаеле врз девојчето кое има брат близнак Максимилијан, но тој никогаш се нема најдено во таков јавен фокус.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

pvox uwbqwt tbqqudq hzy iywtzna wdwq pnj yjijym ypaqqbm tl jfk qk fuk teruzkw xysluqm wm kdxzb ixrpsja gie adlwk eic luv fn virpqc wted lq wyk qr owmrdp vvxn sgmklb osfb zsmtljt tjmnq lvr uk ef gf yljhoze czstfip zdb xhpn gkxkzof uabvz igowrmi zwcac byf qxchnby krynl vu bf jcync qwj dllc cry eowbgt lfxahcs byjlc bged cu akjzil sv xast wfr wyek de ok fsw sdxcj tcivhe bjkmram cwygz qp pjmddl dtnx jurfb hoy scpa cxvybj ztt vqo na cavwx rwekq ca pieue plcgu bq id voz sgn pdaieoj sw svdzi ev ki xth lextmf gfx sucjm