Се појави досега невидена фотографија од Цеца која докажува дека не ѝ требал пластичен хирург (ФОТО)

Една стара фотографија на популарната пејачка докажува дека била убава и пред естетските интервенции.

Во последните неколку години, естетските корекции станаа толку чести и толку нормални што жените од јавната сцена одат на редовно на корекција на усните, јаболчниците или брадата и носот. Затоа ретко може да се види млада пејачка што немала некаква интервенција. Сепак, не беше секогаш така.

Оние кои се сеќаваат на почетоците на Цеца Величковиќ, денес Ражнатовиќ, паметат колку девојката од Житораѓе ѝ го привлече вниманието на јавноста со гласот и со својата убавина. Иако почна да пее како девојче, фолк-пејачката многу брзо се претвори во девојка чија убавина маѓепсуваше каде и да се појавеше.

За нејзината убавина и природност доказ е една стара фотографија од Цеца Ражнатовиќ која се појави на профил на Инстаграм, а која јавноста досега немала можност да ја види.

Познато е дека фолкерката низ годините направи неколку интервенции на лицето и телото, а многумина, гледајќи ги нејзините стари слики, се прашуваат зошто го направила тоа.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.