#Profemina2023 Запознајте ги панелистите што ќе дискутираат на тема: Образованието – патоказ во животот

Регионална конференција на жени

„Образованието е најмоќното оружје што можете да го користите за да го промените светот“, Нелсон Мандела.

Знаењето е непроценливо богатство и најголемиот влог во себе. Но каква е актуелна состојба во образованието? Дали дипломата е пасош за професионална кариера? Со каква стратегија да ги задржиме младите дома? Ова се дел од прашањата на кои учесниците во првата панел-дискусија на годинешната регионална конференција за жени Профемина 2023 ќе се обидат да го дадат одговорот.

Моќта на образованието зависи од тоа колку напори ќе направи институцијата и колку знаење ќе им предаде на своите студенти. И тие, по своето завршување, колку ќе го искористат знаењето за подобар, поодржлив свет. Токму затоа за новите студенти од големо значење е каде ќе го продолжат своето образование.

Се наметнува дилемата дали Македонија сѐ уште страда од синдромот на изреката популарна уште од времето на Југославија „учи сине, за да не работиш“. Веројатно нејзината „примена“ полека бледнее низ годините, но она што останува како проблем е генерирањето кадри што малку или воопшто не му се потребни на бизнисот, додека од друга страна, има постојана јагма за одредени професии што недостигаат на пазарот.

Парадоксална е состојба на пазарот на трудот: на компаниите постојано им недостигаат вработени наспроти „армијата“ невработени, а тоа се лица не само без образование, туку и лица со високо образование или доктори на науки.

Оттука произлегува прашањето каков образовен кадар навистина му е потребен на бизнис-секторот.  За тоа и многу повеќе ќе имате можност да дознаете во рамките на панел-дискусијата: Образованието  патоказ во животот на 23 ноември во хотелот Холидеј ин, каде што ќе се одржи Профемина 2023.

Панелот почнува во 10 часот, а вашето место обезбедете го испраќајќи мејл на е-адресата: event@colormedia.com.mk

Покровител на панел-дискусијата Образованието – паток во светот е Универзитет Скопје.

Модераторка на панелот:

м-р Билјана Трендафилова, новинарка и уредничка

Панелисти:

Проф. д-р Виолета Миленковска, универзитетски професор

Александра Митрова, директор за продажба и маркетинг во Скопје Мериот хотел

Доц. д-р Викторија Трајков, кариерен дипломат

Мартина Нанева, најдобра дипломка на УТМС

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.