Пред да се омажи за Србин, сакала да биде калуѓерка: Најпознатата девица сега има силикони, но секогаш носи библија со себе!

Важи за една од најубавите жени

Славната манекенка потенцирала дека невина ќе стапи во брак, а секоја недела оди на миса

Адријана Лима, манекенка што постави нови стандарди во модниот свет, важи за една од најубавите дами. Меѓутоа, многу се полемизира околу тоа дали ја краси природен изглед или менувала нешто на своето тело. Од друга страна, на многумина не им се верува дека секоја недела оди на миса.

Нејзиниот физички изглед речиси секогаш е на удар на коментари. И додека повеќето луѓе му се восхитуваат на нејзиното затегнато тело (а особено во центарот на вниманието беа нејзините стомачни мускули додека беше бремена), одредени поединци се сомневаат дека и Лима има направено некои естетски корекции. Имено, може да се чујат гласини дека ги зголемувала градите и усните, но никогаш досега го нема потврдено тоа.

Иако плени со својот сексапил каде и да се појави, многу ѝ е посветена на својата вера. Во модните кругови општопознато е дека Адријана секогаш носи библија во бекстејџ и дека се моли пред да излезе на модната писта. Манекенката, всушност, имала голема желба да стане калуѓерка. Наводно, многу е спиритуална, верува во енергија, природа и духови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Има откриено дека кога била помлада, се срамела да биде во друштво на момци и дека се немала бакнато сè до нејзината 17-та година. Во април 2006, во едно интервју рекла дека сè уште е девица.

„Планирам да останам невина до брак. Момците што се со мене мораат да го прифатат тоа, бидејќи тоа е мој избор“, истакнала таа, а медиумите тогаш ја прогласиле за најпопуларната девица на светот.

Славниот кошаркар Марко Јариќ со години уживал во љубовта со оваа бразилска убавица, а круна на нивниот брак се двете ќеркички. И покрај разводот, останале во одлични пријателски односи. Лима сега има нов живот со филмскиот продуцент Андре Лемарс, а двојката во август минатата година доби син.

Ќерките на поранешната омилена двојка станале вистински убавици: Како изгледаат наследничките на Адријана Лима и Марко Јариќ?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.