Погледнете кои се некои од учесниците на „U&Z Influencer awards 2020“ во Beauty категоријата

Во тек се „U&Z Influencer awards 2020“!

Магазинот „Убавина и здравје“ повторно организира конкурс за највлијателни момци и девојки на социјалните медиуми.

Конкурсот „УиЗ инфлуенсер авардс 2020“ – „Јас сум повеќе од селфи“, чиј главен покровител е „Виолета“, се одржува на порталот „Убавина и здравје“, нашите социјални мрежи, печатеното издание на магазинот „Убавина и здравје“ од 1 ноември до 15 декември, а за изборот на „УиЗ-инфлуенсер“ одлучуваат гласовите на читателите и следбениците на брендот „Убавина и здравје“ и гласовите на жирито „Убавина и здравје“. УиЗ-инфлуенсерите, добитници на 10 категории, ќе бидат објавени на 22. декември.


Погледнете дел од учесниците во Beauty категоријата, спонзорирана од „Teoxane“. 

Милена Косиќ

Милена веќе 6 години се занимава со професионалн шминкерство, а исто така е и едукатор за професионална шминка со над 300 обучени студенти. Својата работа ја има проширено креирајќи сопствен бренд за вештачки трепки. Нејзиниот стил е смел, разнолик, креативен и ексцентричен. Со својот Инстаграм профил има желба да ги инспирира следбениците да ги рекреираат нејзините изгледи, како и да започнат свој бизнис.


Magnolia Glamour

Зад добропознатиот Инстаграм профил стои 30-годишна жена, магистер на Фармацевтскиот факулетет во Скопје, која веќе 4 години живее во Франција каде работи на својот докторат. На својот профил споделува совети за нега на кожата и рецензии на состав на различни производи со цел да им помогне на што повеќе девојки да ги изберат соодветните производи за себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAGNOLIA 🌺 (@magnolia.glamour)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAGNOLIA 🌺 (@magnolia.glamour)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAGNOLIA 🌺 (@magnolia.glamour)


Сим Салтирова

Уште еден одличен пример за кретивност, уметност и уникатност изразена преку шминката. Нејзиниот Инстаграм профил е исполнет со фотографии кои ја прикажуваат моќта на шминката, од секојдневна до впечатлива и храбра, секој изглед соодветно прилагоден за сечии специфични црти на лицето и истакнување на природната убавина.


Повеќе информации и правилата на конкурсот можете да ги прочитате тука.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.