Оваа жена била родена како маж: Мајка ѝ на 11 години ѝ ги покажала медицинските резултати и целиот свет ѝ се срушил

Исповед

„Никогаш нема да имаш менструација“, тогаш станав свесна дека никогаш нема да имам ни деца

Лис станала популарна на социјалната мрежи откако ја споделила својата неверојатна приказна. Имено, оваа жена открила дека биолошки била родена како маж и дека не била свесна за тоа до својата 11. година.

Целиот свет ѝ се срушил кога почнала да ја испрашува мајка ѝ за менструација. Овој разговор ѝ го променил животот и ја натерал поинаку да се гледа себеси.

@intersexwitch Replying to @Ajay; 🌻 #intersex #comingoutstory #lgbtqia🏳️‍🌈 #intersexy💜💛💜 #lgbtqiaparents ♬ Healing – Soft boy

Лис не го ни доведувала во прашање својот пол, мислејќи дека била родена како девојче, жена, но вистината ја шокирала. Имала само 11 години кога мајка ѝ ѝ соопштила дека, всушност, била родена и со машки и со женски биолошки карактеристики. Тогаш дознала дека таа е интерсексуална личност.

Кога мајка ѝ ѝ кажала дека треба да разговараат, таа била сигурна дека ќе зборуваат за менструација, влошки и тампони. На нејзино комплетно изненадување, разговорот отишол во неочекувана насока кога мајка ѝ извадила документ со медицински податоци кои сведочат дека Лис била биолошки родена како маж.

@intersexwitch Replying to @Tracy Barber 💈 my story- part 6 #intersex #intersexy💜💛💜 #intersexconditions #hrtiktok ♬ original sound – Lyss | LGBTQIA self love

Во видеото кое сега бележи милионски прегледи, рекла дека во тој момент целиот свет ѝ се срушил и додала:

„Тапетите на ѕидот почнаа да се топат од што се потев, па се смрзнував по ова сознание.“

Оваа уникатна девојка сè уште учи да живее со вистината што ја дознала, кога мајка ѝ ѝ кажала дека поради оваа состојба, никогаш нема да може да роди дете или да има менструација.

Таа била комплетно избезумена:

„Целиот свет што го познавав претходно, комплетно се сруши. Докторите и мајка ми ми кажаа да го чувам тоа во тајност, и тоа го правев поголемиот дел од мојот живот“.

@intersexwitch Replying to @LeslieP3 #lgbtqiaparents #intersexyouth #healingjourney ♬ original sound – Lyss | LGBTQIA self love

Според надворешниот изглед, девојчето изгледало како типично бебе, а лекарите на почетокот установиле дека тогаш 11-месечното бебе има кила.

Набрзо откриле дека Лис има внатрешни недоразвиени машки биолошки особини во долниот дел од абдоменот.

„Одлучиле да ги извадат, бидејќи само лебделе внатре“, објаснила Лис.

Од својата 11. година, девојчето почнало да прима хормонска терапија.

„Сега сум возрасна и отворено зборувам на Интернет за тоа дека сум родена со машки биолошки особини во стомакот.“

Корисниците на социјалните мрежи ја преплавиле со пораки што искажуваат поддршка и восхит, поради тоа што собрала сила отворено да проговори за вакво необично животно искуство, нарекувајќи ја прекрасна млада жена.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе