Отишла во Дубаи, па на 30 степени ставила шубара: Откако се омажи за него, не носи долна облека и шета гола во јавност

Не знаат што да прават од толку пари

Канје Вест и Бјанка Цензори деновиве се во Дубаи, каде што се појавуваат на сите важни настани

Кога ќе помислите дека не можат да бидат побизарни, Канје Вест и Бјанка Цензори ќе ве убедат во спротивното. Така било и овој пат, кога биле видени во Дубаи пред да влезат во продавницата на една модна креаторка.

На плус 30 степени, Бјанка носела шубара, ултракраток фустан во боја на кожа и многу атрактивни сандали. Меѓутоа, покрај шубарата, интересно било што целото време држела плишена играчка во рацете, прикривајќи ги градите на тој начин.

Така облечена, Бјанка позирала покрај моделка, смешкајќи се срамежливо, додека Канје целото време се шетал наоколу во црна маица и тренерка и со главата завиткана во црна ткаенина.

Канје Вест повторно е главна тема во американскиот шоубизнис. Имено, излезе неговиот нов албум, на којшто се издвојува песна со многу проблематични стихови.

Јавноста се шокира кога излезе дел од песна во која може да се слушне како Канје го рапува следново:

„Како можам да бидам антисемитист, само што е**в еврејка“, а потоа следуваат и зборовите:

„Спиевме во тројка – па чие е бебето?“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.