Ноќ на рок музика, носталгија и ерупција од возбуда: Големите Deep Purple одржаа концерт за паметење

Концертот се одржа на 28 мај, во арената „Борис Трајковски“, Скопје

Еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, член на големата петорка (The Beatles, The Rolling Stones, Pink Floyd, Led Zeppelin, Deep Purple), одржа голем концерт на 28 мај 2022 година во арената „Борис Трајковски“, Скопје, во организација на Авалон продукција.

Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse и Don Airey уште еднаш докажа дека како што поминува времето, така тие се’ подобро и подобро свират во живо.

Македонската и регионалната публика во живо уживаа во класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа пет децениското постоење на овој навистина и култен и легендарен бенд во музичката историја, којшто со тоа што го работи во моментов и тоа како е цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста.

Легендарните Deep Purple не заборавија да му посветат песна и на починатиот клавијатурист Џон Лорд, а во чест на македонската публика беше изведена и песната „Јовано Јованке”.

Силната енергија препознатлива за групата ниту еднаш не стивна за време на двочасовната рок забава, а во продолжение ви пренесуваме дел од незаборавната атмосфера…

ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.