Нема да ви се верува: Дали знаете која е „Куклата од насловна страница“ на Бора Ѓорѓевиќ?

Шоубизнис

Во светот на манекенството влезе поради својата висина, пред тоа се занимаваше со гимнастика, а потоа во 1969 година дефинитно влезе во светот на убавината.

Билјана Невајда Шевиќ беше една од најубавите жени во седумдесетите години. За неа беа посветени најубавите стихови од легендарните „Рибја чорба“.

Беше една од најбараните манекенки во седумдесетите години, девојка која во Југославија работи со полна пареа. Тогаш немаше многу од нив кои снимаа реклами и кои се движеа на ревиите.

Во меѓувреме животот го промени, се сврте кон работата на истакнат галерист, стана среќно мажена мајка, денес и баба.

Билјана е горда на се што поминала во животот, а фактот дека за Бора Ѓорѓевиќ беше фатална – тогаш не го сфаќаше тоа.

Во светот на манекенството влезе поради својата висина, пред тоа се занимаваше со гимнастика, а потоа во 1968 година дефинитивно влезе во светот на убавината. Беше инспирирана и од некои врвни, светски модни креатори, а на просторот на поранешната држава патуваше повеќе пати месечно. Триесет реклами снимила во Словенија, а во Дубровник патувала и до пет пати месечно, раскажуваше во едно интервју пред пет години.

Светот на познатите и славните ја донесе до Бора Ѓорѓевиќ. Во редакцијата на тогашното списание „Надеж“ имаше вечера посветена на жените на амбасадорите, а на истата и Билјана беше гостин. Се потсети дека тогаш свиреле Балашевиќ и Бора.

Додека ја свиреле „Кукла од насловна страница“, Бора за прв пат ја видел Билјана. Поминале некои десет дена, а Ѓорѓевиќ бил во Сплит. Тогаш била и Билјана, па разговарале и рокерот потполно полудел за убавата манекенка.

Врската поминала шест месеци, а Билјана откри за медиумите дека на Бора никогаш потполно не му верувала, па одлучи да го остави. Во тој момент се заљуби во друг, па поради тоа го напушти Бора и Белград. Се отсели во Сараево и животот тогаш и` отиде во друг правец, се омажи и доби дете.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.