„Некој нека ѝ купи плескавица на оваа жена“: Никол Кидман е толку слаба што обожавателите не можат ни да ја погледнат!

„Што се случило со Никол Кидман, зошто е толку слаба?“

Социјалните мрежи се преплавени со коментари на сметка на изгледот на актерката, додека таа не се огласува по ова прашање

Никол Кидман објавила фотографија на социјалните мрежи, на која позира облечена во маица што ја промовира австралиската музика и правата на музичките работници.

Но не ни помислувала дека нејзините следбеници ќе почнат да ѝ пишуваат такви коментари што би ја разнишале сечија самодоверба.

„Некој нека ѝ даде плескавица“, „Оваа жена итно мора да јаде нешто“, „Девојко, коска и кожа не изгледа баш добро“, „Ја сакам, но преслаба е“, „Вие сте неверојатна актерка, но добро би било да не рекламирате претерано слабеење“, ова се само некои од коментарите што пристигнале на адресата на Никол Кидман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


Кидман со години е критикувана во јавноста поради претераното користење ботокс, соочувајќи се со мислењата дека сосема го изгубила изразот на лицето. Отсекогаш била вита, но последниве години нејзиното слабо тело дојде до израз повеќе од кога било претходно.

Актерката има изјавено дека ја одржува ставата така што танцува и јаде сирова храна, но се нема огласено во врска со најновите обвинувања дека е преслаба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.