„Не ми треба секс, не сум била во врска од 2016 година“: Актерката изнесе ШОК детали од својата интима

Искрена

Познатата американска актерка Дру Баримор откри дека не била во врска откако се разделила со Вил Копелман во 2016 година, додавајќи дека нејзиниот поглед кон сексот е целосно променет.

Неодамна на својот инстаграм-профил објави фотографија на која држи лаптоп додека во описот на објавата им рече на своите следбеници да прочитаат „многу лична приказна“ што ја напишала, а се однесува на апстиненција на самохрана мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)

На речиси 48 години се чувствувам сосема поинаку во однос на интимноста отколку додека растев. Немав родители кои ми беа примери и од мала се дружев со луѓе на возрасен начин, откри актерката позната по улогата во хит-филмот „Чарлиевите ангели“.

Таа во минатото изјави дека бара „возбуда, потврда и авантура“ преку сексот, а со оглед на тоа што не постои начин да го промени своето минато, мајката на две деца вели дека одбира да гледа на ситуацијата на позитивен начин.

По две деца и разделба од нивниот татко, го сменив фокусот кога е во прашање љубовта кон себе и двете ќерки, продолжи таа, додавајќи дека тоа не ги вклучува мажите, ниту ги вклучувало подолго време.

Таа потоа прокоментира дека еднаш нејзиниот терапевт ѝ рекол дека сексот не е љубов, туку само израз на љубов.

Цел живот барав такви зборови кои ќе ми помогнат да ја разберам разликата и сега благодарение на него ја разбирам, истакна филмската ѕвезда.

Откако сум самохрана мајка, не можам да имам интимна врска, признала и нагласила дека можеби наскоро ќе може да влезе во врска, но дека тоа во никој случај не ѝ е приоритет.

Не сум личност на која ѝ треба секс. Јас сум некој кој е длабоко посветен да го охрабри начинот на кој младите жени, моите ќерки и јас како жена, треба да функционираме на овој свет, рече таа.

Таа потоа појасни дека не го мрази сексот, туку едноставно сфатила дека љубовта и сексот не се иста работа.

Да потсетиме дека актерката во своето шоу The Drew Barrymore Show откри дека може да помине години без секс откако дознала дека актерот Ендру Гарфилд шест месеци апстинирал за улогата во филмот Silence од 2016 година.

А претходно оваа година, таа дури и се расплака додека разговараше за нејзиниот љубовен живот со водителот Боби Бурк на CBS Mornings.

Не знам како да одам на состаноци со оглед на тоа дека имам деца, открила актерката додека гласот ѝ пукнал и очите ѝ се насолзувале.

Имам две млади девојки и едноставно не сакам да носам мажи дома. Мислам дека ќе ми треба многу долго време за да запознаам некого пред воопшто да можам да го запознаам со моите ќерки, додаде таа.

Таткото на моите деца е повторно среќно оженет за најубавата жена на светот, Ели. Моите деца ја имаат оваа прекрасна маќеа, рече таа.

Баримор и Копелман беа во брак од 2012 до 2016 година и имаат две ќерки – 10-годишната Олив и осум-годишната Френки.

Актерката исто така беше во брак со Том Гин од 2001 до 2002 година и со Џереми Томас од 1994 до 1995 година.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.