„Направивме страшна грешка со децата“: Џорџ Клуни и Амал зборуваа за родитлеството, со еден чекор покажаа каков е нивниот брак

Шоубизнис

Амал и Џорџ Клуни беа гости на “CBS Mornings” на Гејл Кинг во изминатава среда. Повод беше нивната годишнина од брак, а важен дел од интервјуто беше приказната за нивните деца.

Холивудскиот актер (61) откри дека тој и неговата сопруга Амал Клуни (44) се нашле во тешка ситуација благодарение на непромислените родителски избори. На прашањето на водителот дали петгодишните близнаци Ела и Александар се зборливи, Клуни одговори:

„Направивме страшна грешка. Ги научивме да зборуваат италијански“.

Актерот продолжи во свој стил: “Но, ние не знаеме италијански. Затоа ги научивме на јазикот што можат да го користат за да ни „наштетат”. И двајцата навистина не знаеме што зборуваат”.

Џорџ малку се озбили и спомна дека децата навистина добро знаат и италијански, но и француски.

„Јас сум од Кентаки. Англискиот е мојот втор јазик”, додаде тој со насмевка.

Амал потоа зеде збор, истакнувајќи дека нивниот син е „голем шегаџија“, благодарение на неговиот славен татко.

„Ти го научи на сите лекции и сега тој си игра со тебе“, му рекла Амал на Џорџ.

Семејството Клуни се венчаа во 2014 година и добија ќерка и син во јули 2017 година. По нив следеа гласини дека нивниот брак е во криза, а Џорџ во последно време е повнимателен кон сопругата во јавноста од кога било досега. Така во шоуто Гејл Кинг во еден момент ја фати за рака Амал и покажа колку е силна нивната врска. Точно е дека е актер, па не му е тешко да „игра“ што било, но би рекле дека не се работи за тоа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.