Марија имала само 5 години кога мајка ѝ ја оставила сама во продавница со зборовите: „Ми го уништи животот“

Потресна исповед

Трогателната приказна на Марија од Русија која ја напуштила мајка ѝ кога имала само пет години ќе ги стопи и најтврдите срца

Прочитајте ја оваа потресна исповед со среќен крај.

„Денес сум среќна, мажена жена и мајка на три деца. Но кога бев дете, не му бев никому потребна. Многу добро се сеќавам на тој период од мојот живот. И постојат многу моменти кои упорно се обидувам да ги заборавам, но не можам.

Дури кога бев тинејџерка дознав дека ни татко ми не ме сакал. Но најужасното сеќавање ми е тоа кога мајка ми ме остави сама во продавница. Имав само пет години.

Еден ден заедно отидовме да пазариме, откако се бев пожалила дека сум гладна. Таа злобно ме погледна и ми кажа: ‘Ми го уништи животот!’.

Откако остро ми нареди да ја почекам кај фрижидерите со сладоледи, се сврте и си замина.

Непознат човек разговараше со мене и се понуди да ми купи штрудла со афион, во која долго зјапав. Никогаш нема да го заборавам вкусот на афион и солзите што ми се слеваа по лицето. Ни денес не можам да поднесам благо, бидејќи тој вкус ме потсетува на најлошиот момент во мојот живот: денот кога ме остави мајка ми.

Набрзо се најдов во сиропиталиште. Постојано се надевав дека мајка ми ќе се врати по мене, но залудно. Еден месец пред да ме посвои едно семејство, мајка ми дојде во сиропиталиштето, но не за да плаче, да се извини или да моли за прошка, туку за да ми објасни уште еднаш како моето раѓање ѝ го уништило животот.

Ми кажа дека нејзината кариера стагнирала поради мене, дека не можела да најде среќа, бидејќи никој не сакал жена со дете. Дури и тогаш ја молев да не ме остава, но таа се сврте и си замина без ронка жал.

Дури сега, во моите 30-ти години можам да ѝ кажам: Фала ти жено, што ми даде шанса да пораснам во нормално семејство, каде што родителите имаа толку многу љубов што посвоија оставено дете. Фала ти што со својата сурова постапка ме научи да ги ценат оние кои ме сакаат и кои се подготвени на сè за мене.“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.