Лепа Брена откри како изгубила 16 килограми: „Тоа го направив заради публиката“

Шоубизнис

Лепа Брена со години води сметка за исхраната.

Пејачката Лепа Брена веќе со децении се смета за една од најголемите ѕвезди. Покрај прекрасниот глас и богатата кариера со најпознатите песни, пејачката може да се пофали и со убавиот изглед кој ја следи откако се појави на сцената.

Како што вели таа, води смета за исхраната и здравиот начин на живот, а резултатот за тоа е линијата на која би можеле да и` позавидат. Сепак, не беше секогаш така, на почетокот на кариерата таа одлучи поради публиката да ослабне дури 16 килограми.

„Само ги исфрлив јаглехидратите и шеќерот и многу брзо изгубив 16 килограми. Не го правев тоа поради љубовта кон парите, туку поради мојата публика. Парите доаѓаат кога го работите тоа што го сакате, а јас тоа го работам веќе 40 години“, изјавила Брена.

За доручек често јаде само една проја со јогурт.

„Изедов потоа уште една на суво, да не се онествестам. Сега мислам дека ќе одам и да изедам чудо, но знам дека кога ќе излезам од студио ќе изедам ушта два, три гриза. Нема претерување во ништо, шетање.. Пијте повеќе витамини, не претерувајте во ништо“, гласеше советот на Лепа Брена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

„Во мојата куќа сите се гурмани. Сакаме да седиме и да се дружиме и убаво да јадеме. Но, јас поради љубовта кон публиката се откажав од храната“, рече Брена на телевизијата „Пинк“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.