Конечно е објавено од што починала ќерката на Елвис Присли: Нејзините најблиски се шокирале кога го чуле ова!

Лиса Мери Присли

Причината за смртта на Лиса Мери Присли била шок за многу нејзини пријатели

Минатата недела беше откриено дека единственото дете на Елвис Присли починало од опструкција на цревата.

Опструкцијата била последица од операција за намалување килограми, која била направена пред неколку години. Но Лиса Мери, која имала 54 години кога починала во јануари, никогаш не била опасно дебела, рекол нејзин пријател:

„Дали некогаш сте виделе Лиса да изгледа како да ѝ треба операција за намалување на желудникот? Воопшто не беше дебела. Не знам каков доктор би ѝ ја направил оваа операција.“

Пријателите знаеле дека Лиса редовно користела ботокс и други инјекции и помали козметички процедури. Но рекле дека не знаеле ништо за нејзината баријатриска операција.

Во месеците пред нејзината смрт, Лиса Мери живеела повлечено. Секогаш била дома, живеела како домаќинка, но станала уште поповлечена по самоубиството на нејзиниот сакан син Бенџамин во јули 2020 година.

Меѓутоа, минатата година излезе во јавност за да го промовира филмот „Елвис“ на Баз Лурман, а нејзиното последно појавување беше на Златните глобуси, два дена пред нејзината смрт, каде што изгледаше многу слабо и беше очигледно дека ја намалила тежината.

„Сакаше да изгледа најдобро што може. Држеше итна диета за да симне килограми пред да се појави на црвениот килим со Баз и на премиерата на филмот за Елвис. Имаше финансиски проблеми и се надеваше дека публицитетот за филмот ќе ја зголеми продажбата на карти“, тврдел нејзин пријател.

Тој открил дека Лиса Мери секогаш имала проблеми со својата тежина, сепак признал:

„Фактот дека наводно починала од баријатриска операција навистина ме изненади. Лиса Мери живееше со својот поранешен сопруг Дени, таткото на Бенџамин и нејзината ќерка, актерката Рајли Кио, во својата куќа во Калабасас кога почина. Беше возбудена и почна да работи на книга за загуба на дете, а во својот дом редовно примаше ожалостени родители кои исто така го изгубиле своето дете.“

Лиса Мери се жалела на болки во стомакот неколку дена пред смртта, а обдукцијата покажала дека страдала од болки во стомакот неколку часа пред да доживее инфаркт.

Лиса итно била префрлена во болницата Вест Хилс, каде што повторно доживеала срцев удар и неколку часа подоцна била прогласена за мртва.

Лиса Мери се борела со зависност од опијати, но нејзините портпароли ги демантирале гласините дека повторно почнала да користи дроги.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.