Кога го силувал маж, најголемиот фраер не ни претпоставувал што ќе го снајде: Стомакот до заби бил една од последиците

Брендан Фрејзер

Еве како денес изгледа актерот Брендан Фрејзер, кого го силувал новинар

Брендан Фрејзер и девојка му Џиен Мур биле фотографирани во саботата додека уживале на одмор на една италијанска плажа. Многумина забележале дека актерот видно ослабел и дека полека си ги враќа килограмите од младоста.

Во 1990-тите години, Фрејзер бил еден од најголемите заводници во Холивуд, а се прославил во филмовите „Џорџ од џунглата“ и „Мумија“. Негов заштитен знак биле извајаните стомачни мускули, а по повлекувањето од јавноста почнал нагло да се дебелее, стигнувајќи речиси до 200 килограми.

Меѓутоа, вишокот килограми не се појавиле сами од себе, а актерот открил дека поминал низ голема траума кога бил силуван од страна на новинар.

Имено, актерот пред неколку години јавно открил дека во 2003 година сексуално го нападнал тогашниот претседател на Hollywood Foreign Press Association, Филип Берк, и потврдил дека тоа било главната причина поради која одлучил да се повлече.

Поради овој инцидент, Фрејзер паднал во депресија. Наводно, Берк се обидел да го бакне и успеал во тоа, а актерот тврдел дека потоа плачел како дете. За жал, никој не му верувал, а некогашниот претседател на HFPA демантирал сè.

„Посегнува со неговата лева рака, ме грабнува за задникот, а еден од неговите прсти доаѓа до средината. Почнува да го движи“, се присетил Фрејзер.

„Се почувствував лошо. Се чувствував како мало дете. Чувствував како да ми стои топче во грлото. Мислев дека ќе заплачам“, раскажал актерот тогаш.

„Не знам дали моето признание ја предизвика немилоста на групацијата HFPA. Но тишината беше застрашувачка“, рекол Фрејзер.

„Кога во вашата кариера телефонот престанува да ѕвони, почнувате да се прашувате зошто. Постојат многу причини, но дали оваа е една од нив? Мислам дека е“, објаснил актерот во 2018 година, истакнувајќи дека бил на црната листа во Холивуд.

Згора на сè, актерот имал големи здравствени проблеми, па завршил во болница каде што имал повеќе операции. Неговото лекување траело седум години. Франшизата „Мумија“ зела голем данок поради нехуманите услови за време на снимањето, што само ги влошило постоечките проблеми.

Исто така, во 2007 година поминал низ тежок развод од сопругата Афтон Смит, кој бил финализиран во 2008 година, но во 2013 година, Фрејзер молел да му се намали алиментацијата од 900.000 долари годишно, бидејќи веќе не заработувал толку поради намалениот обем на работа.

Сепак, Фрејзер не изгубил верба во љубовта, па среќата ја пронашол покрај девојка му Џиен Мур, која му е најголема поддршка и која го натерала да си го среди животот, а најмногу килограмите кои влијаеле врз неговото здравје.

Се чини дека љубовната врска со Џиен многу му годи, со оглед на тоа што почнал да работи на себе.

БИЛ СИЛУВАН ОД НОВИНАР И МУ ЈА УНИШТИЛ КАРИЕРАТА: Познатиот актер по страшниот скандал ИСЧЕЗНА, а потоа се појави тежок 270 килограми
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.