Ја изневерувал на секој чекор, а таа наместо одмазда му подарила песна: „Да, стиховите му се посветени нему“

Го почестила со стихови

Колумбиската пејачка Шакира признала дека стиховите од нејзината популарна песна му ги посветила на Жерар Пике, нејзината поранешна љубов

По 12 години љубов, Шакира и Пике решија да му стават точка на нивниот однос. Целата приказна беше проследена со бројни скандали, а наводно, причината за нивната разделба е неверство.

Набрзо беше објавена веста дека фудбалерот ужива со новата девојка, студентката Клара Чиа Марти, која има 23 години. Подолго време се шпекулираше дека тие двајца се во врска, додека неодамна испливаа фотографии на кои се гледа како разменуваат нежности.

Фудбалерот наводно ја изневерил Шакира токму со неа, а покрај тоа, имал афера и со израелската манекенка Бар Рафаели.

Меѓутоа, пејачката неодамна си ја отворила душата, па во едно интервју дала болно признание за целата ситуација.

„Бев тивка, бидејќи се обидував да процесирам сè во мојата глава. Да, тешко е да се зборува за тоа, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа и затоа што сум јавна личност, па нашата разделба не е како обична разделба. Тешко е, не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко. Се обидувам да ги заштитам децата“, рекла таа.

„Понекогаш се надевам дека сето ова е само лош сон и дека кога-тогаш ќе се разбудам. Но не, реалност е“, заклучила пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Се погодуваше и дека стиховите од песната Te felicito, Шакира му ги посветила на Пике, додека таа во едно интервју и го потврдила тоа.

„За да те направам целосен, се скршив на парчиња, бев предупредена, но не обрнував внимание, немој да ми кажеш дека ти е жал, знам дека добро лажеш“, гласат стиховите во песната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

„Сè што можам да кажам е да, без разлика дали сум свесна за тоа или не, она што го чувствувам или што ми се случува се одразува во моите текстови и видеата што ги правам. Како што веќе ви кажав, музиката е мојот пат“, рекла Шакира.

Спотот за споменатата песна исто така носи голема симболика:

Шакира го прекина молчењето за неверството на Пике: „Многу е тешко да се зборува за ова, пробувам да ги заштитам децата“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.