Данскиот принц полудел по својата снаа, па пијан се обидел да ја бакне во уста: Скандал што го уништил семејството

Скандалозно

Скандалозна приказна се шири во странските медиуми: изгледа дека принцот Јоаким од Данска безнадежно е вљубен во својата снаа, принцезата Мери

Ова била скандалозна недела за данскиот дворец откако кралицата Маргарет одлучила да им ја одземе титулата на децата на нејзиниот најмлад син. Принцот Јоаким тврди дека неговите деца Николај, Феликс, Хенрик и Атина биле вознемирени по одлуката на кралицата.

Среде споменатиот скандал, принцот Јоаким (53) и неговата сопруга, принцезата Мари (46) признале дека не се во добри односи со престолонаследникот Фредерик (54) и неговата сопруга Мери (50).

Меѓутоа, шпански магазин дошол до скандалозни тврдења. Имено, според медиумите, раздорот во кралското семејство на Данска настанал поради тоа што принцот Јоаким е длабоко вљубен во својата снаа Мери!

Дури објавиле и видео на кое се гледа како Јоаким се обидува да ја бакне Мери на свечената забава за кралската гарда.

Шпанскиот магазин се потсетил:

„Очигледно пијан, изгледа дека помладиот син на кралицата Маргарет се обидел да ја бакне во уста својата снаа, но таа се поттргнувала колку што можела со немоќна насмевка на усните, додека неговата жена Мари била сведок на овој срамен чин.“

Странските медиуми шпекулираат дека Јоаким бил длабоко вљубен во својата снаа веднаш по венчавката на принцот Фредерик и Мери во 2004 година.

„Не помогна ни тоа што во 2007 година ја објави свршувачката со Французинка (принцезата Мари) која има исто име и неверојатно многу личи на неговата снаа“, пишува магазинот.

Кралското семејство одлучило да ги демантира овие гласини со заеднички службени посети на принцовите и принцезата на Данска.

Кралицата Маргарет и нејзиниот најстар син одбиле да ги коментираат овие нови наводи.

Девојките лудуваат по него, но тој љуби само една: Кој е данскиот принц Николај (22) за кого велат дека е најубав и најзгоден?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.