„Ако имаш проблем со мене, јави ми се! Вељко Ражнатовиќ испрати јасна порака до оние кои работат зад неговиот грб (ФОТО)

А всушност не го познаваат...

Ова трето дете е само плус…

Преку својот Инстаграм профил, Вељко Ражнатовиќ јавно им се обрати на оние кои му се работат зад грб, го озборуваат и коментираат, испраќајќи им јасна порака.

Боксерот Вељко Ражнатовиќ, син на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, е многу активен на социјалните мрежи каде често објавува фотографии од семејството и боксерските натпревари. Сепак, последниот чин на синот на пејачката ја заинтригира јавноста.

Имено, Вељко на својот Инстаграм профил сподели објава која, се чини, беше упатена до оние кои си даваат право да го коментираат, а всушност не го познаваат.

„Ако имаш проблем со мене, јави ми се. Ако го немате мојот број, значи дека не ме познавате доволно за да имате проблем со мене“.

Да потсетиме, Вељко неодамна проговори за деталите од приватниот живот и во таа прилика откри дека по синовите копнее сега за ќерка:

„Сега живеам во Тител. Тука сум додека се подготвувам за натпревари. Се враќам во моето село, градот повеќе нема да ме види. Отсекогаш сонував да имам два сина… Ова трето дете е само плус. Се надевам на девојче сега, по синовите“, изјави Ражнатовиќ.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.