40 години ја силувал сопругот кој бил свештеник: „Ме принудуваше на интимни односи по 7 пати дневно“

Потресна исповед

Исповед на жена која била силувана од страна на нејзиниот сопруг свештеник

Џој Харис била омажена за радикалниот пастор Лари Харис, кој проповедал дека жената мора да му ја исполнува секоја желба на мажот, а потоа открила дека сопругот ја силувал по седум пати дневно во текот на 40-те години брак.

Лари и Џој се преселиле од Америка во Австралија во 1994 година поради мисија на еден оддел на баптистичката црква, кој бил окарактеризиран како култ од страна на поранешните припадници.

„Ме учеше мене и неговите следбеници дека жената треба да му се покори на мажот како на Бог, велеше дека тоа го пишува во Библијата. Мислеше дека колку повеќе пати ме силува толку поголем маж ќе биде, а тоа со текот на времето се влошуваше и зачестуваше“, раскажала Џој.

Кога била откриена вистината за тортурата на оваа жена, старешината на споменатиот оддел на баптистичкиот култ им кажал на надлежните дека не му е јасно како може човек да одговара за нешто што не е злочин. Сличен став зазел и еден од нејзините синови, Кевин, кој исто така е пастор во еден од радикалните оддели на црквата.

 

„Тој ги прекина сите контакти со мене и ме обвинува за судбината на својот татко. Кевин вели дека јас сум виновна за сè, бидејќи не ги разбирам Бог и Библијата и дека сето тоа сум го заслужила, зашто не сум знаела да покажам покајание и понизност“, рекла Џој за својот син.

Во објавеното интервју со Кевин, тој не можел да одговори на прашањето како мајка му ги заслужила сите тие силувања, туку демонстративно ја напуштил просторијата.

Пасторот Лари Харис добил казна од 5 години затвор поради обвинението дека ја силувал својата сопруга.

Погледнете ја целата приказна во видеото во продолжение…

„Имав 16 години, ме нарекуваше бебе, ме бањаше во када и ми ја зеде невиноста“: Славниот актер обвинет за силување
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.