3 знаци дека вашиот шеф има нарцисоидно растројство

Дали можете да ги препознаете?

Не им е лесно…

Нарцисоидниот шеф најчесто се препознава по потребата од внимание за прекумерна пофалба на негова сметка, а најчесто тоа се луѓе кои се всушност нестабилни и немаат самодоверба.

Што е нарцисоидно растројство на личноста и како да препознаете нарцисоиден шеф?
Нарцисоидно растројство на личноста (НПД) е состојба на ментално здравје што се карактеризира со недостаток на емпатија, чувство на грандиозност и постојана потреба за пофалби и восхит. Понекогаш нарцисите може лесно да се забележат, но прикриено тие се многу манипулативни и вешто се прекриваат. Без разлика на типот на нарцис, работата со нарцисоиден шеф може да предизвика хроничен стрес.

Шефовите со нарцисоидно растројство често брзо се издигнуваат низ чиновите и позициите шармирајќи ги своите претпоставени, но буквално ги злоупотребуваат оние кои работат со нив на пониски позиции.

1. Зборуваат речиси исклучиво за себе и за своите заслуги
Секој со нарцисоидно растројство на личноста најчесто мисли само на себе. Тие се многу свесни за својот физички изглед, харизма, таленти и способности и го очекуваат вашето внимание и аплауз кога се зборува за нив. Сите овие коментари можеби се претерани и не мора да бидат точен одраз на нивните животи и способности. Тоа е особено изразено на работа и вршење на активности и обврски за кои не се способни, па ги пренесуваат на други.

2. Имаат фантазии за сопствената големина
Нарцисите имаат тенденција да бидат исполнети со фантазии за успех, моќ, богатство, убавина или совршен партнер. Поради овие фантазии, тие создаваат чувство дека треба да го имаат најдоброто од сè – куќи, автомобили, позиција, облека или други работи кои го потврдуваат нивниот статус.

Сите овие желби се начин нарцисите да се одвојат од внатрешното чувство на празнина. Тие доживуваат огромна фрустрација и гнев кога нивните визии не се реализираат и обично обвинуваат други луѓе или колеги.

6. Тие се завидливи
Поради нивната ниска самодоверба и потребата да бидат супериорни во однос на другите, нарцисите ги презираат, и им завидуваат на другите луѓето кои природно го поседуваат она што тие го немаат. Не разбираат зошто немаат и не можат да имаат се што сакаат, но не им е проблем да смислат дури и некаков вид одмазда на оние кои покажале подобри резултати од нив во бизнисот, без разлика на фактот дека тие се на пониски позиции од нарцисот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.