Големиот хит има грешка во зборовите која е забележана по 25 години

Шоубизнис

Саша Лошиќ објасни како настанала песната „Боље бити пијан него стар“.

Фронтменот на групата Плави оркестар, Саша Лошиќ, проговори за еден од своите најголеми хитови, за песната „Боље бити пијан него стар“,  (Bolje biti pijan nego star) и откри дека по 15 години сфатил дека песната има грешка. Песната која и денес е голем хит и која со задоволство се пее, изгледа на некои места има нелогичност која ја призна и самиот Саша Лошиќ.

На почетокот на песната, Лошиќ пее Žao mi je što smo bili samo dobri drugovi, додека во рефренот се менува, па се пее Vino ne zna da smo nekad bili sretni par. Меѓутоа, публиката, која го обожава бендот, тоа не го ни забележала, а Лошиќ по долги години сепак сфатил што пее.

Лошиќ пред неколку години призна дека песната ја напишал пијан и дека по 25 години ја сфатил нелогичноста.

Се фатив себеси во размислување, пеам 25 години и никогаш не го забележав тоа. И тогаш почнав да копам по песните и видов дека половина е целосно ирационална. Зборовите немаат врска едно со друго, немаат логика, а на луѓето им е сеедно, низ смеа коментираше Лошиќ, а пренесува Index.hr.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.