„Пишуваат дека сум ретардиран, но всушност ми завидуваат“: Како изгледа луксузниот живот на познатиот мини Хабиб?

Живот како од бајка

Хасбула Магомедов го претворил својот недостаток во голема предност

Рускиот блогер и интернет-сензација Хасбула Магомедов (19), благодарение на смешните објави на социјалните мрежи, стана енормно популарен, што му донело и големо богатство. Иако поради нискиот раст луѓето мислат дека е дете, овој младич ги искористил своите пет минути слава на вистинскиот начин.

Имено, Хасбула страда од ретко генетско нарушување кое влијае врз растот и затоа останал толку низок. Меѓутоа, тој себеси не се гледа како инвалид, бидејќи нема ниту една друга последица, а истакнува дека отсекогаш бил популарен, па не се соочувал со некакви непријатни ситуации.

„Не се сметам за инвалид. Само не растам, тоа е сѐ. Кога одам брзо, се уморувам. Другите тинејџери седат дома и пишуваат дека сум ретардиран. Но ми завидуваат“, рекол Магомедов.

Ова 20-годишно момче има одлична работа и живее на висока нога, а неодамна потпишал милионски договор со UFC, и наводно е подобро платен од повеќето борачи. Хасбула знае да ужива во луксузот што му се нуди, често оди на патувања што му ги плаќаат спонзорите и за него се издвојуваат огромни цифри.

Приватните авиони, луксузните автомобили и хотелите се само дел од новиот живот на младичот од Дагестан, кој како и повеќето момци од оваа област, пораснал во тешки услови.

Хабиб Нурмагомедов му е добар пријател на Хасбула, па често се заедно и го води на борби ширум светот. Хабиб многу го цени својот сонародник и смета дека ќе стане милијардер.

„Мора да оди во САД, таму го познаваат сите големи спортски ѕвезди и многу е популарен. Мора да се пресели на неколку години и може да стане милијардер. Ако ништо друго, може да стане барем милионер“, рекол Хабиб.


Понудите само се нижат, а Хасбула добил покана и од познатата WWE федерација.

„WWE сакаат некој како него. Подготвени се да му платат големи пари за да го доведат во рингот. Хасбула е многу популарен“, истакнал Хабиб.

Тој на крајот го одбрал полесниот начин на заработка, станал промотор на UFC, ќе се појавува и ќе промовира големи настани, а за тоа најголемата ММА организација на светот му исплатила милиони долари. Така овој Дагестанец може мирно да продолжи со луксузниот живот. Неговата популарност ширум светот е огромна и благодарение на тоа, ги има наполнето џебовите.

Јасмина ги напуштила семејството и верата за да се занимава со најстариот занает: Ако не побегнела, ќе била убиена!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе