Бритни Спирс искрено зборува за својот живот како слободна жена: „Толку е чудно да се биде сингл…” (ФОТО)

Бритни е инспирација за сите сингл жени!

Светската поп-ѕвезда Бритни Спирс сподели искрена објава на Инстаграм во неделата, на која што истакнува детали за животот како сингл жена.

Толку е чудно да се биде сингл, имав многу време навистина да се навратам наназад… Сфатив дека воопшто не зборувам толку убаво за себе.

Лесно сум манипулирана и го носам срцето на ракав… Но, дефинитивно го менувам сето тоа… Морам да одвојам време да застанам и да погледнам наоколу за да преоценам и да кажам дали е ова добро за мене??

Искрено ми е досадно, но исто така се плашам од многу работи… Начинот на кој го живеам мојот живот е мој… Имав толку многу луѓе кои се мешаа во тоа… Но чувството да знам дека е во ред да се биде себичен за својот животот и ужива во него е неверојатно !!! – истакна Бритни.

Спирс и поранешниот сопруг Сем Агари се разделија по 14 месеци брак во август, кога извор изјави  дека таа сè уште е „во одлично расположение и покрај сè што се случува“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.