Смути кое е совршено за губење на вишокот тежина и детоксикација

Здрав рецепт!

Ако сакате да се ослободите од вишокот килограми, пробајте смути за детоксикација што го поттикнува слабеењето доколку го пиете на празен стомак. Богат е со хранливи материи и антиоксиданси.

Спанаќ, киви, зелена салата и вода – ова се состојките кои ви се потребни за да подготвите смути кое брзо ќе ве натера да се чувствувате сити. Одличен е за сите оние кои сакаат да ослабат. Не е важно само како јадеме, туку и кога. Иако не постојат магични методи за слабеење, постојат одредени сојузници кои можат да го забрзаат и олеснат процесот.

Иако дисциплината и конзистентноста се многу важни кога станува збор за исхраната, смути за детоксикација може да биде многу корисно доколку се консумира за појадок, и ако се изберат вистинските состојки кои се хранливи и го забрзуваат процесот на варење.

Состојки:

  • 1 или 2 киви во зависност од големината
  • 5 листови спанаќ
  • 3 листови зелена салата
  • 1 чаша вода
  • 1 лажичка мед (ако сакате да го подобрите вкусот)

Подготовка:

Добро измијте ги спанаќот и зелената салата. Излупете го кивито и исечете го на парчиња. Сите состојки истурете ги во блендер и добро измешајте. Смутито испијте го веднаш, на празен стомак.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.