Сега е вистинското време да започнете месечева диета што ги топи масните наслаги и го прочистува телото: За 24 часа можете да ослабите 2-3 кг!

Многу ефикасно

Диетата според месечевите мени што ги топи масните наслаги кратко трае, а дава неверојатни резултати

Месечевата диета е одличен начин да го прочистите организмот од сите токсини, но и да симнете 2-3 килограми за 24 часа. Уште подобри резултати ќе имате ако воведете и некоја физичка активност, бидејќи така ќе го поттикнете процесот на детоксикација и ќе го забрзате метаболизмот. А полната месечина е идеално време да се посветите на себе – на својот ум и на телото.

Ова е време кога грижата за себе е најважна. Колку повеќе се грижиме за сопствените потреби, толку повеќе ќе се движиме во склад со полната месечина.

Што е месечева диета?

Главното правило на месечевата диета е постењето во периодот кога месечината е млада. Се препорачува пост во времетраење од 24 часа. Па така, кога започнува младата месечина, започнува и диетата, односно гладувањето што трае 24 часа. Покрај основната верзија на диетата според месечевите мени, постојат уште две варијации на оваа диета, но која и да ја практикувате, дневно може да симнете до 2 килограми.

Млада месечина: Најпопуларната верзија на оваа диета. Се пости на вода 24 часа само дента кога е млада месечина.

Полна месечина: Се пости на вода 24 часа само дента кога е полна месечина.

Млада и полна месечина: Се пости на вода 24 часа само деновите кога е полна и млада месечина.

ПОЛНА МЕСЕЧИНА ВО 2023 ГОДИНА
  • 7 јануари (сабота) – 00:07 часот
  • 5 февруари (недела) – 19:28 часот
  • 7 март (вторник) – 13:40 часот
  • 6 април (четврток) – 6:34 часот
  • 5 мај (петок) – 19:34 часот
  • 4 јуни (недела) – 5:41 часот
  • 3 јули (понеделник) – 13:38 часот
  • 1 август (вторник) – 20:31 часот
  • 31 август (четврток) – 3:35 часот
  • 29 септември (петок) – 11:57 часот
  • 28 октомври (сабота) – 22:24 часот
  • 27 ноември (понеделник) – 10:16 часот
  • 27 декември (среда) – 1:33 часот

За време на оваа диета дозволено е само да консумирате течности на денот на постот. Се препорачува обична вода, а како замена може да послужи и чајот (без шеќер). А препорачлива е физичка активност како шетање или брзо одење.

Што да правите ако не можете да издржите ваков режим?

Ако имате криза, дозволено е во постот да вклучите и свежо цеден сок од овошје и/или зеленчук, но без шеќери и адитиви. Од напивки, строго забранети се алкохол и млеко, а количината течности што треба да ја внесете, во зависност од вашата телесна конституција, 3 до 4 литри.

Колку време трае ваквата диета?

Почнувате во моментот кога месечината преминува во нова фаза, односно кога почнува да биде млада и трае 24 часа.

МЛАДА МЕСЕЧИНА ВО 2023 ГОДИНА
  • 21 јануари – 21:53 часот
  • 20 февруари – 8:05 часот
  • 21 март – 18:23 часот
  • 20 април – 6:12 часот
  • 19 мај – 17:53 часот
  • 18 јуни – 6:37 часот
  • 17 јули – 20:31 часот
  • 16 август – 11:28 часот
  • 15 септември – 3:39 часот
  • 14 октомври – 19:55 часот
  • 13 ноември – 10:27 часот
  • 13 декември – 00:32 часот
Како да спречите појава на јо-јо ефект?

Непишано правило е дека брзото губење килограми значи нивно уште побрзо враќање, а можеби и дополнително дебелеење. За да не ви се случи тоа, пожелно е по постот од 24 часа да продолжите да се храните здраво и да не претерувате со количината.

Мeјо-диетата постои веќе 70 години, а сè уште е најпопуларна: 14 дена и 10 килограми помалку
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе