Софија е интернет-сензација: Не се грижи за целулитот и објавува фотографии без филтри и Фотошоп!
Природно си е природно
Оваа млада манекенка има 2,8 милиони следбеници на Инстаграм, каде што секојдневно објавува необработени фотографии
Софија Јамора е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи, а на Инстаграм ја следат речиси 3 милиони луѓе. Таа е заштитно лице на многу брендови и учествува во разни кампањи.
View this post on Instagram
Нејзините фотографии ги воодушевуваат следбениците ширум светот, кои ѝ оставаат бројни позитивни коментари. Својата слава ја стекнала токму со својот природен изглед и самодовербата да ги објавува фотографиите такви какви што се.
View this post on Instagram
Објавувајќи свои фотографии и видеа во костими за капење, кои истовремено и ги рекламира, Софија привлекла милиони обожаватели. Сè поголема популарност ѝ носат и улогите во разни музички спотови.
View this post on Instagram
Речиси ништо не е познато за нејзиниот приватен живот што вешто го крие. Во една пригода изјавила дека не уживала многу во детството, но дека неизмерно ја почитува и сака својата мајка, која ѝ била и мајка и татко.
View this post on Instagram
Родена е на 6. мај во 1997 година во Калабасас, Лос Анџелес, Калифорнија. Својата кариера ја започнала многу рано, на 18 години, кога ја забележал коосновачот и дизајнерот на Frankies Bikinis.
View this post on Instagram
Додека работела за Frankies Bikinis и LovePiper, отворила свој инстаграм-профил во август 2015 година, а оттогаш бележи неверојатен успех во кариерата. Многумина ѝ предвидуваат успешна судбина како топ-моделка.
View this post on Instagram
Коментарите се заклучени.