СТОП за АКНИТЕ: Д-р Маргарита Јовеска-Крстеска ги открива причините, лекувањето и последиците од нив (ВИДЕО)

Доколку некогаш сте се соочиле со нив, знаете колку непријатни можат да бидат

Статистиката вели дека во светот, 8 од 10 млади луѓе на возраст меѓу 14-24 години некогаш имале проблем со акни на лицето, грбот или градите. Збирно земено, тоа се над 80%!

Акните не се проблем што ги засега само тинејџерите. Голем процент од луѓето се имаат соочено со акните во одреден момент од нивниот живот. Дел од нив лесно се справуваат со нив и успеваат за краток период да си ја вратат убавината на кожата.

За жал, милиони луѓе низ светот сè уште се обидуваат да го најдат соодветниот производ или медицински третман, кој ќе им помогне да се гордеат со својата кожа и безболно да ги отстранат акните.

Дали ќе дојде до појава на акни зависи од неколку фактори:

Под дејство на овие фактори, настанува воспалителен процес на кожата со појава на митесери (бели и црни), папули (површни јазли), пустули (гнојаници), нодули (болни, модри јазли) и цисти (празнини).

Конвенционалниот пристап во лекувањето на акните вклучува користење на ретиноиди (и локално и преку уста), системски и локални антибиотици во пролонгирани режими. Лекувањето трае подолго, во просек од 3-6 месеци, со можност од појава на многу нусефекти од системската терапија, како и резистентност на локалната антибиотскаи антисептична терапија.

Најчесто во дерматолошките ординации под контрола на субспецијалист доктор дерматовенеролог се користи:
 хемискиот пилинг кој се спроведува еднаш на три до четири недели;
 мануелната експресија на секои седум дена;
 паралелно и ласер-терапија во текот на четири до шест недели.

Во споредба со конвенционалната терапија, овој протокол е побезбеден (се избегнуваат нусефектите од системската терапија), дава брзи, одлични резултати и спречува појава на лузни.

Соодветна домашна нега со медицинска козметика наменета за третман на акни е неопходна за да се постигне максимален видлив ефект веќе по 4 до 6 недели

Препорака на Аптека ДНА АННИ ФАРМ за нега на кожа со акни е линијата SEBIUM од медицинската козметика BIODERMA

BIODERMA Sébium – Аптека ДНА Анни Фарм (annifarm.com.mk)

Уникатна рамнотежа на ефикасност и толерантност во форма на пилинг: Sébium Night peel 40 ml

Концентрат кој го изедначува тенот, со ефект на „нова кожа”, наменет за комбинирана до масна кожа со неправилности.

Ноќниот пилинг Sebium помага во намалување на неправилностите на кожата и намалува лачење на маснотија на кожата.

Со 15% гликолна киселина, стимулира обнова на епидермисот. 

Овој нежен пилинг ја изедначува текстурата на кожата и го стимулира нејзиниот природен сјај.

Содржи д-пантенол кој ја смирува кожата.

Ексклузивниот Fluidactiv™ патент биолошки го регулира квалитетот на себумот и спречува запушување на порите. Одлична подносливост.

Дерматолошки тестирано.

Употреба: нанесете на чиста и сува кожа, секоја вечер во тек на еден месец.

Нанесете на цело лице.

Масирајте со кружни движења.

Оставете да дејствува во текот на ноќта и измијте наутро.

Многу повеќе за причините, третманот, но и за последиците од акните на лицето, грбот и на градите, дознајте од излагањето на д-р Маргарита Јовеска-Крстеска во продолжение.

Доколку ви се допаднаа советите на стручното лице, кликнете SUBSCRIBE на Youtube-каналот на Anni Farm и секој петок очекувајте ново поучно видео.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.