Мараја Кери ја шокира јавноста со необичниот начин на нега: Еве зошто!

Некои „трикови“ се ... бизарни!

Мараја Кери ги откри тајните на својот убав и негуван изглед, кои шокираа добар дел од нејзините обожаватели, а еве и зошто…

Спие најмалку 15 часа Текстот продолжува по огласот…

Поп-дивата не верува во тоа дека 8-часовниот сон е доволен за прекрасен изглед. Славната пејачка секоја вечер спие на свилени навлаки за перница, барем 15 часа, во соба во која се наоѓаат 20-тина навлажнувачи на воздух. Ваквиот трик го позајмила од легендарниот пејач Лутер Вандрос, кој верувал дека токму навлажнувачите на воздух го штитат неговиот глас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Пред важни настапи, Мараја спие и по 20 часа, а кога не може да потоне во сон како што замислила, повикува масерка која ѝ помага при опуштањето.

Се капе во млеко

Славната пејачка обожава скапи козметички производи, но најдраг ѝ е ритуалот за убавина кој го „позајми“ од Клеопатра.

Во едно интервју, Кери открила дека токму поради млекото со кое се бања, нејзината кожа е мека и мазна, а за најдобар ефект млекото мора да биде – ладно.

Неонските светла се нејзин најголем непријател

Ако се прашувате зошто на бројните фотографии и видеа, Мараја носи големи очила за сонце иако е во затворен простор, одговорот ќе ве изненади. Мараја не носи очила за сонце за да изгледа како суперѕвезда туку избегнува некој да ја види, или уште полошо – да ја фотографира под неонско светло.

Имам правило дека не сакам да ме фотографираат под неонско светло, тоа е така во стил на 90-те“, изјавила Кери на еден свој концерт во 2016 година.

Никогаш не носи маскара

Верувале или не, гламурозната Мараја презира шминка, особено маскара. На настапите сака да носи вештачки трепки, но во приватниот живот се обидува да носи што помалку шминка за нејзината кожа да одмори. Уште поважно, таа мрази да ја отстранува шминката.

 

Не можам да смислам маскара. Кога висажистката ќе се обиде да ми стави маскара, правам сцена“, изјавила пејачката.

Понекогаш јаде само лосос

Мараја е позната по осцилациите во телесната тежина, а килограмите ги „решава“ на драстичен начин. Кога ќе се одлучи да држи диета, таа со денови јаде само лосос, кој е богат со омега-3 масни киселини и е одличен за младешкиот изглед на кожата.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.