Имаме трик што ќе ги направи вашите четки за шминка помеки од кога било

Со само еден чекор до најмеките четки

Сите знаеме дека треба редовно да ги чистиме четките за шминка, без разлика дали тие само стојат или ги користите секој ден. Тие собираат прашина и бактерии кои никогаш не треба да ги нанесувате на лицето поради иритациите и црвенилото што можат да ги предизвикаат.

Освен што е полна со бактерии, четката полна застоена шминка изгледа навистина ужасно и се надеваме дека не сакате да ја ставите на лицето во кој било момент. Веќе знаете дека треба да ги миете четките за шминка барем еднаш неделно, ако ги користите само на себе, и почесто ако ги користите на други. Но, редовното перење може да ги направи тврди и бодливи на допир и сè што можеме да сториме со нив е да ги замениме со нови. Освен ако не го користите трикот на познатите шминкери.

Исто како што нанесувате регенератор на вашата коса, на четките што имаат животинско, синтетичко или веганско влакно им треба хидратација и мекост за да останат во првобитното издание. Без оглед кој регенератор ќе го изберете, тој ќе навлезе во влакната и ќе ги омекне, исто како што е целта на додавањето омекнувач на облеката. Само проверете дали додавате регенератор само кога целосно сте го измиле пигментот од четката.

Прочитајте и: Експертите велат дека овие 3 работи никогаш не смеете да ѝ ги правите на вашата кожа

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.