Моќен трик на кралицата Летиција што за миг ќе ве претвори во вистинска дама: Пробајте го, ефектот ќе ве воодушеви!

Прекрасна како и секогаш

Кралицата Летиција има совршено чувство за мода и добар изглед, па затоа задолжително применете некој од нејзините трикови

Шпанската кралица Летиција е една од најдобро облечените дами на светот. Нејзините модни комбинации ги воодушевуваат сите жени, па неретко и ги копираат. Меѓутоа, нејзината елеганција, одмереност и посебна убавина особено оставаат без текст. Ние ви откриваме еден нејзин трик што за миг ќе ве претвори во вистинска дама.

Летиција е позната по тоа што на сите настани се појавува беспрекорно стилизирана. Што се однесува до косата, речиси секогаш одбира благи бранови, кои лежерно ѝ паѓаат преку рамениците.

Меѓутоа, кога ќе ја собере косата во пунџа, постигнува неверојатно моќен ефект! Таквата фризура за секунда ја претвора во многу отмена дама, без разлика што ќе одлучи да облече.

Најчесто, нејзиниот избор се ниските пунџи, додека предните перчиња на косата ѝ се залижани, без видливи шноли и детали.

 

Оваа фризура е проверен начин со леснотија да се постигне софистициран, одмерен и многу отмен изглед, идеален за посебни пригоди. Постојат многу начини да се обликува ваквата пунџа, па имате море од можности за избор.

Летиција блесна во фустан достоен за МОДНА БОЖИЦА и си го запечати статусот: МЕЛАНИЈА ТРАМП И МЕГАН МАРКЛ обожаваат ист стил, а трикот е во еден ГЛАМ ДЕТАЉ (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.