5 најдобри фризури за жени повозрасни од 50 години: Ќе изгледате 10 години помладо, а нема да ви треба фризер!

Можете да ги стилизирате сами дома

Постојат многу фризури што можат да направат да изгледате помладо, но овие се проверени

Како што се менуваме ние, нашиот изглед и тело, така и фризурата би требало да ги следи нашите промени. Додека годините оставаат траги на кожата, стареењето може да го промени и квалитетот на косата, покрај тоа што предизвикува бели влакна. Кожата реагира на стареењето, а тоа значи дека можеби ќе треба да ја приспособите вашата рутина за нега.

Но тоа не значи дека не можете да имате атрактивна и уредна фризура. Веројатно сте забележале дека со текот на годините сè потешко е да се обликува косата, па така пократките фризури се идеалното решение. Освен што го освежуваат изгледот, тие подмладуваат и го одржуваат негуваниот изглед.

Доколку сепак сакате да ја задржите долгата коса, треба да ѝ обрнете внимание за да го сочувате нејзиниот здрав изглед. Во овој случај, благите кадрици можат да ѝ дадат извонредна димензија на фризурата и суптилно да ги омекнат цртите на лицето.

На дамите во зрели години им се препорачува да одберат кратки, асиметрични фризури или да ја потстрижат косата до брадата или рамениците. Асиметричните кркми се одличен избор, бидејќи ги кријат изразените брчки на челото и можат да ве подмладат.

Ви даваме 5 предлога за фризури за дами во зрелите години…

Рамен боб

Ако претпочитате едноставност, ова е фризурата за вас. Рамно потстрижан паж до раменици. Оваа фризура можете да ја обликувате и дома, многу е лесна за одржување, а освен тоа, ќе ви избрише неколку години од лицето. Доколку сакате да експериментирате, можете да ги потстрижете и кркмите за уште помладешки изглед.

Пикси

Ако обликувањето на косата е последното нешто за коешто би сакале да размислувате наутро, идеалниот избор за вас е кратката коса или популарната „пикси“ фризура. За повозрасните жени со природно кадрава или брановидна коса, пикси е најдобриот избор, бидејќи ја задржува текстурата и волуменот. Исто така, релативно лесно се обликува и одржува секојдневно.

Кратка коса

Најлесно се стилизира кратката коса. Најпрактична е. За неа не треба да издвојувате премногу време кога ќе се подготвувате за излегување. Понекогаш доволно е само да ја намокрите и да ја зачешлате во насоката што ви одговара.

Средно долга коса со бранови

Ако сакате да ја здржите долгата коса, брановите секогаш се во тренд. Додајте понекој карамел прамен за да постигнете подмладувачки ефект, бидејќи така ќе го отворите лицето и ќе му дадете нова димензија на целокупниот изглед.

Бушав боб

Бушавиот боб е многу популарен, бидејќи ги крши традиционалните правила на потстрижување и дава авантуристички изглед. Всушност, бушавиот боб е една од најбараните фризури во салоните во последно време.

Три фризури за дами со 40+ години: Не постојат правила, но овие предлози навистина подмладуваат!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе

wjp pmjk qetpjrr kpcupe grbp