Сите топки имаат пар, освен една: Најдете ја топката „натрапник“ за помалку од 14 секунди

beachball-830x0

Иако изгледа едноставно, ќе видите дека не е

Унгарскиот уметник Дудолф не губи време, туку вредно создава илустрации кои нè поврзуваат со летото.

Така овој пат нацртал гумени топки за вода, лопатка за песок, ракови, лисица и зајак за да ја комплетира атмосферата.

Десетина шарени топки се наоѓаат насекаде по илустрацијата, а Дудолф ги нацртал така да секоја топка има свој пар.

Сите освен една.

Ваша задача е да ја пронајдете топката со уникатна шара за помалку од 14 секунди.

Ако ви треба помош, фокусирајте се на средината на илустрацијата.

Ако не можете да ја најдете, погледнете го решението подолу.

Коментарите се заклучени.