Најмоќната жена на шеик има стил од кој ќе ви застане паметот: Ниту едно нејзино модно парче не чини помалку од 2 милиони долари!

Модна икона

Моза бинт Насер важи за една од најубавите и најдобро облечените жени во Емиратите, а нејзиниот стил, пред сè, е дамски

Моза бинт Насер важи за една од најубавите жени во Емиратите, и тоа со добра причина.

Оваа убавица има 63 години, мајка е на седум деца, баба на неколку внучиња, сопруга на катарскиот емир и жена која е вистински пример за елеганција и стил.

Сопруга на катарскиот емир станала во 1977 година кога имала 18 години. Моза бинт Насер тогаш била студентка на Универзитетот во Катар, а звањето дипломиран социолог го добила девет години по венчавката.

Моза своето знаење одлично го применува во пракса, активна е во многу организации, како што се Арапските демократски организации, Организации за образование, наука и развој на заедницата и разни програми за помош на децата…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser)

Светската јавност ја придобила со беспрекорниот моден стил на кој му се воодушевуваат милион жени, но и со ставот, што секогаш јасно го изнесува држејќи говори во водечки политички и општествени институции.

Инаку, за стилот на првата дама на Катар пишувал и познатиот „Вог“, кој ја сместил помеѓу петте најдобро облечени жени во светот. „Венити фер“ ја прогласил за најдобро облечена дама со сина крва, а за Џулиен Мекдоналд, таа е втората Џеки Кенеди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya De Bon (@mayadebon)

Моза е една од ретките дами која 365 дена во годината облекува парчиња од висока мода, како „Шанел“, „Диор“, Гучи“, „Ив Сен Лорен“ и многу други.

Нејзиното величество купува парчиња што чинат помеѓу 20.000 и 30.000 долари, а специјално дизајнираната облека за неа достигнува цена и до 100.000 долари.

Одредени извори тврдат дека во нејзината резиденција се крие вистинско модно богатство.

Во продолжение погледнете некои од нејзините изданија со кои го воодушевила светот…

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе