Не веруваат дека постои љубов меѓу нив: Сè за отворениот брак на Џејда и Вил Смит

Дали сте за отворен брак?

Џејда Пинкет Смит и Вил Смит и понатаму се во центарот на вниманието, но овој пат поради отворениот брак.

Иако поминаа четири месеци од скандалот на доделувањето на „оскарите“, кога актерот Вил Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок, бидејќи ја навреди неговата сопруга Џејда, сепак не престанува да се зборува за нив.

Сепак, фокусот не е на самиот скандал, туку на целиот однос кој го имаат овие две познати личности.

Џејда и Вил Смит

Семејството Вил Смит отсекогаш привлекуваше внимание. Неговиот син отворено зборуваше за својата сексуална ориентација, а Џејда и неговата ќерка во својата ТВ емисија често разговараат за бројните сексуални табуа.

Џејда и Вил се знаат од 1990 година, кога таа имаше 19, а тој 22 години. После пет години пријателство, почнаа да се забавуваат. Откако Џејда забремени, Вил ја запроси и оттогаш се во брак, кој е многу неконвенцијален.

Имено, од самиот почеток, Џејда отворено зборуваше за своите љубовни афери, додека Вил на сите начини се обидуваше да ги одбегне овие теми. Самата актерка многупати има изјавено дека не гледа поента во бракот, па со самото тоа одлучила со Вил да има отворен однос. Таа смета дека е личната слобода е поважна од некој потпис на лист хартија.

„Си дадовме слобода едниот на другиот. Верувајќи дека секој треба да си го пронајде патот.. Обичниот брак е како затвор. Не советувам на никому на оди по нашиот пат, но фактот дека еден на друг си дадовме слобода и безусловна поддршка, за мене е дефиниција најмногу љубовта“, објасни Смит во едно интервју.

Отворен брак или сепак не?

Од 2016 година, сопружниците живееат одвоено, а Џејда има уште еден маж во својот живот. Претходно, актерката имала романса со раперот Август Алсин, за чиј однос моментално пишува во книгата која би требало да биде излезена наскоро.

Од друга страна, Вил досега, барем како што знаеме, не беше толку отворен за односи, освен со Џејда. Дури и неговите блиски пријатли за актерот изјавија дека не знае како да ја комбинира кариерата, фамилијаниот живот и романсата од страна. Тоа е тој и самиот призна во едно интервју.

„Имав симпатии додека снимав филмови, но никогаш ништо не сум презел“, призна Вил, мислејќи на работата со Хали Бери и Ева Мендес.

Исто така, призна дека како тинејџер сонувал харем девојки, но тоа во реалниот живот е многу потешко да се реализира.

После Оскарите…

После скандалот на доделувањето на Оскарите (каде Вил беше суспендиран и на неодредено спречен да учествува во филмските остварувања), фановите и папараците почнаа уште повнимателно да го следат приватниот живот на Смит. Сите се прашуваа во кого ќе пронајде утеха.

Меѓутоа, додека Џејда продолжи да оди сама на друштвените случувања, нејзиниот маж од нигде никаде замина за Индија. Се чини дека актерот своето слободно време воопшто не го поминува во друштво на млади и атрактивни жени. Наместо тоа, оди кај духовниот учител Садгуру во потрага по среќата и стабилноста. Самиот гуру кажува дека Смит е пример за личност која, дури и со слава и неограничени финансиски можности, никако не може да пронајде душевен мир и рамнотежа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.