Ќе ве освојат на прво залаче: Полнети крокети од компири

Добра храна

Пробајте ги овие крокети – нема да се покаете!

Состојки:
  • 8 компири (вкупна тежина 750 г)
  • 30 г путер
  • 150 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1 јајце
  • 250 г шунка
  • 120 г урда
  • оригано
  • масло за пржење
  • сол

Приготвување:

1. Компирите добро се мијат и заедно со кората се варат. Потоа се оставаат да се оладат, па се лупат и се пасираат.

2. Во оладеното компир-пире се додаваат омекнатиот путер, јајцето и екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, па добро се меша за да се добие изедначена смеса. Се остава на ладно да отстои 30 минути.

3. Посебно се приготвува филот. Шунката се сечка на коцки, се поврзува со урдата, се додава малку оригано и добро се меша.

4. Работната масичка се намрсува и на неа се нанесува полна лажица од смесата од компири, обликувајќи плескавица. На средината се става лажиче од филот од шунка и урда, па краевите се превиткуваат кон средината, да се залепат, за да се обликува полнет крокет. На истиот начин од преостанатиот материјал се обликуваат уште крокети.

5. Во тава се загрева малку масло и во него се спуштаат обликуваните крокети, па се пржат од двете страни додека поруменат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе