Меган Маркл го откри рецептот за нејзиниот појадок: Десерт што е здрав и не дебелее! (фото)

Ниско-калоричен банана леб

Меган Маркл пред речиси четири години објави збирка рецепти наречена „Заедно: Нашата заедница за готвење“.

Додека имаше дополнително слободно време, и поради пандемијата и поради бременоста, таа експериментираше со еден од нејзините омилени десерти – банана леб.

Ова не е класичен леб, туку сладок леб што може да се класифицира дури и во колачи. Лебот од банана кој Меган Маркл сама го направи го претстави за време на нејзиното прво кралско патување со нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Состојки:

– 2 јајца

– 3 банани

– 300 грама брашно

– лажичка сода бикарбона

– 50 грама бел шеќер

– 50 грама жолт шеќер

– 100 грама путер

– лажичка есенција од ванила

– една лажица ореви или коцки чоколадо

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banana Bread (@banana.bananabread)

Подготовка:

 

Најпрво измешајте путер и шеќер, потоа додадете ванила, прстофат сол и сè убаво измешајте. Во друг сад излупете ги зрелите банани и изгмечете ги со вилушка. Бананите се додаваат во путерот, шеќерот и јајцата.

Вклучете ја рерната на 200 степени и плехот за печење намачкајте го со путер. Во брашното измешајте една лажичка сода бикарбона и додадете ја смесата со банана. Кога се добро ќе се измеша, додадете една лажица мелени ореви или уште подобро мали коцки чоколадо. Измешајте сè и истурете во подмачкана тава.

 

Откако ќе се загрее рерната, ставете ја тавата и печете на 180 степени околу 40 минути. Пред крај прободете го колачот со чепкалка, а ако не е сув значи лебот не е готов.

Оваа торта одлично оди со чај и кафе, а добра е и како појадок. Ова е одличен рецепт во кој можете да користите презрели банани кои ретко кој сака да ги јаде. Треба да се има на ум дека колку позрели се бананите, толку е посладок колачот и треба да се додаде помалку шеќер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.