Потрошиле 30.000 евра на гламурозна свадба, потоа дознале дека не се во брак!

И ова се случило!

Мадалин Баучер и Бил Смитли, двојка од Америка, потрошиле околу 30.000 евра на својата гламурозна венчавка. Свадбата ја организирале пред повеќе од два месеци, но пред неколку дена дознале дека всушност воопшто не се во брак!

Воопшто не сме во брак. „Потрошивме 30.000 долари и очигледно не на свадба, туку на скапа забава“, извикуваше Баучер во своето видео на TikTok.

Имено, дедото на невестата бил матичар и ја организирал целата свадба. Но, тој целосно заборавил да ја однесе нивната дозвола за брак во локалната општина.

Ова е дозвола за брак. Требаше да биде испратен до судот да ни го легализира бракот, но истече пред девет дена! Така е кога матичар е вашиот дедо – заклучила жената на TikTok.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.