Заводливи се, имаат стил и вулканска страст: Овие 4 хороскопски знаци се убедливо најдобрите љубовници!

Жив оган!

Овие четири хороскопски знаци доминираат кога станува збор за заведувањето и сексот

Ако не сте сигурни дали личноста што ви се допаѓа е воедно и добра во кревет, има добра енергија и вулканска страст, проверете што вели хороскопот. Можеби токму тој/таа е еден од четирите знаци од зодијакот кои важат за најдобрите љубовници на светот. Креативни, страсни и посветени – во овие четири хороскопски знаци се раѓаат најдобрите љубовници.

Лав – незаборавен вулкан на раскош, луксуз и страст

Тој сѐ што прави, го прави кралски! Таков е и како љубовник. Речиси никој не може да го надмине. Кога сака, сака кралски. Кога љуби, љуби незаборавно и остава длабока трага во животот. Дава сѐ, сега и веднаш и не прашува за цената. Тој е господин човек кој ги почитува туѓите потреби и желби, така што и во сексот ќе се потруди максимално да ги задоволни и исполни сите ваши потреби и желби.

Скорпија – господар на страста и заведувањето

Кога Скорпијата ќе се насочи на пленот, нему му нема спас. Таа заведува со сите свои можни адути. Со погледот, со појавата, со остриот опоен парфем на кој паѓа спротивниот пол, со бакнежот и со допирот. Скорпиите се создадени за заведување. Тоа се често маркантни типови. Тие се љубовници кои не сакаат правила, па од нив можете да очекувате буквално сѐ. Дури и она што не го сакате, со нив можеби ќе го засакате! Кај нив не постојат граници во сексот, лукави се и се вовлекуваат под кожата. Од партнерот ја бараат истата преданост и не сакаат табуа.

Терезија – шмекери, мангупи или дипломати

Во нив живеат стотици ликови. Но тие не се дволични. Едноставно, тие се палета на многу работи, во зависност од тоа што ќе го разбуди партнерот во нив. Но сѐ што прават, го прават со стил. Ако се мангупи, тогаш се мангупи со стил. Терезиите го бараат своето огледало. Знаат да му се покорат на партнерот, да му ги исполнуваат сите желби, а притоа ни најмалку нема да се изгубат себеси. За Терезиите најважно е да го опуштат партнерот и да го направат среќен и задоволен, само тогаш и тие се задоволни. Она што на Терезиите им е исклучително важно е бакнежот. Тие тогаш го читаат партнерот, го запознаваат и чувствуваат. Сѐ друго е магија, само треба да се препуштите.

Девица – освојуваат со хуморот и со интелигенцијата

Под стерилните и програмирани господа, се крие буквално жив оган! Освојуваат со хуморот и со интелигенцијата. Внимателно го слушаат партнерот и сето тоа го обработуваат во својот фолдер и точно знаат во кој момент ќе го применат тоа. Непогрешливи се кога е моментот во прашање. Тоа е она што ги остава партнерите без зборови. Сакаат и умеат да угодат, верни се, посветени и студиозни, особено кога е сексот во прашање. Сакаат да имаат секс во чисто и пријатно опкружување.

Секс-маратонци! Кои хороскопски знаци имаат најмоќно либидо?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.