Близнаци
Мажите Близнаци се постојано во потрага по авантури, возбуда, акција. Што всушност се крие зад тоа?

Дури и непријатностите на вишок жени околу нив како љубовници, симпатии и слично често во себе кријат нешто детско, инфантилно, во потрага по постојано внимание, па поради тоа привлекуваат и постари жени со нагласени мајчински инстинкти.

Скорпија
Мажите Скорпии се неверојатно привлечни, зрачат со сексапил. Ако почувствувате симпатија кон нив, подобро е да бегате. Овој маж не е за вас, особено ако сте несигурна и емотивна личност.

Скорпијата ужива во возбуда, страст и тоа ја води низ животот. Ако не го пронајде тоа во партнерката, многу лесно ќе го побара кај друга жена.

Лав
Мажот Лав е чувствителен на убави и ласкави зборови за неговиот изглед или интелигенција, дури и кога не доаѓа од неговата партнерка, туку од жена која не ја ни познава.

Тој се предава на моментот, во него се буди страст и тоа може да се види во неговиот поглед. Сака предизвици и секогаш мора да го добие тоа што ќе го посака, па така и жената која ќе го привлече неговото внимание.

Ако жената се преправа дека е недостижна, тоа само повеќе ќе го возбуди и уште повеќе ќе ја посакува.